20.10.2025

Зегин – Лидерство во ера на трансформација

Лидерството не значи само да се следат трендови, туку и да се поставуваат нови стандарди. Преку посветеност и работа на квалитет, прилагодувања и јасна визија користејќи тимска резонантност и сплотеност, компанијата Зегин претставува модел за тоа како една компанија може да биде синоним за стабилност и напредок за своите клиенти, вработени, но и за целото општество.

Во време на брзи и често непредвидливи промени на глобалниот и локалниот пазар, Зегин продолжува да биде симбол на доверба, доследност и грижа за здравјето на секој поединец. Како водечка фармацевтска компанија во нашата држава, Зегин го демонстрира своето лидерство не само преку големината и покриеноста, туку пред сè преку вредностите што секојдневно ги практикува: квалитет, стабилност, иновација и флексибилност.

Во Зегин, квалитетот не е само дел од производите и услугите, тој е јадрото на нашата мисија. Со повеќе од три децении искуство, изградивме модел кој обезбедува:

  • Строги протоколи за контрола и проверка на производи
  • Соработка со најреномирани светски и домашни производители
  • Современа логистика и дистрибутивен систем кој гарантира брза и безбедна достапност

Нашите фармацевтски експерти во аптеките ширум државата секојдневно ги советуваат и едуцираат пациентите, обезбедувајќи не само производ, туку и грижа.

Глобалните здравствени и економски предизвици изминативе години покажаа колку е важна стабилноста на синџирите за снабдување, достапноста на лекови и присуството на компанија која навистина се грижи за заедницата.

Промените на пазарот ги дочекуваме со визија и подготвеност. Зегин постојано инвестира во:

  • Дигитализација на услугите кои помагаат за поефикасна и побрза комуникација со корисниците
  • Професионален развој на кадарот – преку континуирана едукација и обуки
  • Развој на брендови и производи кои одговараат на локалните потреби

Нашата мисија отсекогаш била јасна. Преку иновативни пристапи, инвестирање во технолошки и дигитален развој, како и континуирана едукација и грижа за вработените, да ги инспирираме поединците и заедницата кон благосостојба и здравје. На тој начин создаваме одржлив и сигурен систем за грижа, доверба и репутација, раскажувајќи повеќедецениска приказна.Тоа не е само деловна цел, туку наша обврска и гордост.

Во Зегин, лидерството не го доживуваме како позиција, туку како одговорност. Од самите почетоци, нашата мисија беше јасна: да изградиме достапен, квалитетен и сигурен фармацевтски систем кој ќе му служи на потрошувачот.

Лидерството за нас значи:

  • Да бидеме први во воведување на нови стандарди и пристапи во здравствената услуга
  • Да создадеме вредност што е препознаена од граѓаните, здравствените професионалци и партнерите
  • Влијание, доверба и доследност

Неколку клучни вредности и практики го дефинираат нашиот успех кои нѐ издвојуваат од конкуренцијата:

  1. Достапност и блискост

Зегин има најраспространета мрежа од речиси 200 аптеки во државата.

  1. Континуирана иновација

Преку дигитални услуги и модерен пристап во фармацевтската грижа, воведуваме нови модели кои го подобруваат корисничкото искуство.

  1. Гаранција за квалитет

Работиме со најдобрите светски производители и производи избрани според највисоки критериуми.

  1. Едукација и развој на кадарот

Нашите фармацевти и вработени не се само продавачи. Компанијата Зегин континуирано инвестира во нивниот професионален развој затоа што веруваме дека знаењето е клучниот двигател на довербата и води кон напредок.

  1. Општествена одговорност

Да се биде лидер значи да се биде пример за општествена одговорност, етика и грижа за заедницата. Зегин секогаш е таму каде што е најпотребно – со донации, поддршка и ангажман во разни здравствени и останати иницијативи. Нашата цел не е само да сонуваме туку и да создаваме промени.

Како една од најголемите и највлијателни фармацевтски компании во Северна Македонија, Зегин игра значајна улога не само во здравствениот систем, туку и во економскиот и бизнис развој на земјата.

Нашите економски активности се директно поврзани со:

  • Вработување на повеќе од 1.500 лица ширум државата, со фокус на долгорочна стабилност и професионален развој
  • Соработка со домашни добавувачи, дистрибутери и производители, со што ги поттикнуваме локалните синџири на снабдување

Како компанија која повеќе од три децении ја гради својата репутација преку транспарентност, одговорност и квалитет, Зегин претставува модел на успешно и одржливо претприемништво во Македонија. Често сме дел од деловни форуми и економски иницијативи, поддржувачи на иновативни решенија и образовни проекти, партнери со академски институции, каде што нашето искуство служи како пример за идните генерации менаџери и фармацевти

Веруваме дека преку иновации, локална поддршка и споделување знаење и искуства можеме да ја унапредиме не само фармацевтската индустрија, туку и целокупната бизнис заедница во земјата.