21.10.2025

Интервју: Христина Механџиска Георгиевска, косопственичка на Зегин Групација

СТАБИЛНОСТА СЕ ГРАДИ СО ЛУЃЕ, НЕ СО БРОЈКИ

Зегин Групација со години претставува пример за тоа како доследноста, транспарентноста и професионалниот менаџмент можат да создадат одржлив систем во индустрија од јавен интерес. Во период кога предизвиците се менуваат со невидена брзина, компанијата останува фокусирана на квалитет, грижа и долгорочна стабилност.

Христина Механџиска Георгиевска за Бизнис Лидер зборува за моделот на успех, улогата на визионерското лидерство и придонесот на Зегин кон локалната економија и здравствената заедница.

1. Зегин е компанија со долга традиција и силен бренд во својата индустрија. Како успевате да ја одржите стабилноста и високите стандарди во услови на динамични промени на пазарот?

Компанија како Зегин успева да ја одржи стабилноста и високите стандарди преку неколку клучни стратегии

– Фокус на здравјето на нашите клиенти и стручноста на нашите вработени

Зегин континуирано инвестира во обезбедување на висококвалитетни производи и услуги, што ја зајакнува довербата кај потрошувачите. Квалитетот е основен столб на нашата компанија и гаранција за лојалност од страна на клиентите.

-Следење на светски трендови и иновации

Во фармацевтската и здравствената индустрија, иновацијата е клучна. Зегин постојано го следи развојот на нови производи, технолошки решенија, дигитални алатки за подобрување на услугите (како онлајн нарачки, мобилна апликација и сл)

-Инвестирање во човечки ресурси

Компанијата вложува во континуирана едукација и развој на својот кадар и на тој начин овозможува високо ниво на стручност, професионална и етичка услуга,

-Навремена и континуирана достава

Ефикасното управување со логистиката и снабдувачите е клучен сегмент за доследно и навремено снабдување на аптеките и клиентите.

-Корпоративна одговорност и присуство во заедницата

Компанијата Зегин е позната по своето учество во општествено одговорни активности, донации и поддршка на здравствени и хуманитарни проекти. Тоа ја зацврстува врската со заедницата и го зголемува кредибилитетот на брендот.

2. Какви се вашите приоритети како лидер на компанијата и како ја гледате улогата на Зегин во создавање долгорочна вредност за своите клиенти и партнери?

Од перспектива на лидер на компанија како Зегин, приоритетите се јасни, стратешки поставени и насочени кон неколку цели, а нашата главна визија е Зегин да остане лидер во фармацевтската индустрија. Тоа бара стратешко планирање, управување со ризици, финансиска дисциплина и инвестирање во иднината.

Понатаму, за нас од исклучителна важност и фокус е грижата за здравјето на нашите клиенти и нивните потреби. Секој клиент за нас е центарот на она што го правиме. Се стремиме да нудиме поголема и поефикасна достапност на лекови и здравствени производи, стручна поддршка и совети во аптеките, брзи и ефикасни онлајн услуги и подобрување на целокупното корисничко искуство.

Како еден од поголемите приоритети се секако и нашите вработени кои се нашето највредно богатство. Во Зегин постојано се трудиме да создадеме мотивирана, лојална и едуцирана работна сила и добри услови за професионален раст и развој.

Секако тука е и интегритетот и довербата во партнерствата. Во изминативе 35 години изградивме силни релации со добавувачи, фармацевтски компании, здравствени установи, државни институции. Наша должност е да ја одржиме и унапредиме таа доверба со транспарентност и професионализам.

Лидерството денес бара адаптивност и иновативен пристап. Кои принципи и вредности ги сметате за најважни во водењето на тимот и организацијата кон успех?

3. Лидерството денес не е статична улога, туку динамичен процес на прилагодување, инспирација и стратегиска насоченост. За да се води тим и организација како Зегин кон одржлив успех, неопходно е лидерот да се води по јасно дефинирани принципи и вредности.

Најпрво е довербата. Довербата создава култура во која луѓето се чувствуваат безбедно да кажат што мислат, да преземат иницијатива и да стојат зад одлуките.

Потоа следи способноста за адаптација и флексибилност- пазарите се менуваат, технологијата напредува, а очекувањата растат. Лидерот мора брзо да препознава и прифаќа промени, да учи од искуството и да ги прилагодува стратегиите во реално време.

Емпатија и грижа за луѓето- лидерот мора да ја разбира човечката страна на организацијата.Вработените не се само ресурси, туку луѓе со мотивации, семејства, предизвици и амбиции. Грижата за нивната благосостојба, ментално здравје и развој е инвестиција во силна и лојална организација.

Секоја компанија, секој тим треба да има јасна визија и комуникација. Заедно како тим мора да знаеме каде одиме и зошто. Секоја визија и секоја мисија е достижна преку конкретни и прецизни чекори. Најуспешните организации се оние каде што се негува взаемна поддршка, меѓусебна почит и инклузивно одлучување. И секако, ништо од ова не би било возможно доколку не е проследено со континуирана едукација.

4. Што, според Вас, ја прави Зегин препознатлива и различна на пазарот и што ја издвојува од конкуренцијата?

Од моја перспектива, она што ја прави Зегин препознатлива и различна на македонскиот пазар а и пошироко, не е само нејзиното долгогодишно присуство, туку комбинацијата на традиција, иновација и општествена одговорност. Тоа се темелите што ја издвојуваат од конкуренцијата и ѝ даваат автентичен идентитет.

Компанијата Зегин е основана со јасна визија и мисија и гради доверба речиси четири децении. Луѓето имаат изградено емоционална поврзаност со брендот – Зегин е првата асоцијација за аптека во нашата земја што за нас како компанија претставува голема одговорност кон нашите клиенти и уште поголема мотивација за работа и успех. Низ сите години успеавме да создадеме најголема мрежа на аптеки во земјата. Имаме најширока достапност низ целата држава, секогаш сме блиску до клиентот- и географски и емотовно, имаме препознатлива визуелна и професионална доследност на секоја локација.

Будно ги следиме сите дигитални трансформации и се трудиме да сме во чекор со технолошките и дигитални иновации. Освен нашите аптеки кои работат со полна пареа, на клиентите им обезбедивме уште полесен пристап до нашите производи благодарение на нашата онлајн страница на која може да се прават онлајн нарачки на територијата низ целата држава и производите да ви бидат доставени за навистина брзо време. Тука е и мобилната апликација која ќе обезбеди уште подобро корисничко искуство. Постојано сме присутни на социјалните мрежи и на овој начин Зегин дефинитивно се позиционира како модерен и технолошки лидер во нашата област.

Препознаени сме и како една од компаниите со најголема општествена одговорност бидејќи постојано давеме помош и поддршка секаде каде што е потребно- од здравствени установи, доделување на донации на многу здруженија но и поединци, помагање на образовни иницијативи, како и културни и спортски проекти и настани.

5. Компаниите како Зегин имаат значаен придонес во локалната економија. Како ја гледате улогата на вашата компанија во поддршка на домашните партнери и развојот на бизнис заедницата во Македонија?

Компаниите како Зегин, кои имаат голем општествен и економски печат не се само дел од пазарот- тие се активни учесници во изградбата на локалната економија и поддршката на целата бизнис заедница. Даваме голема поддршка на домашните производители и добавувачи, бидејќи веруваме дека јакнењето на домашните брендови не само што го стимулира локалниот пазар, туку и создава работни места и нова вредност во заедницата. Отвораме и одржуваме работни места низ целата земја. Со стотици вработени во различни општини, Зегин претставува еден од поголемите генератори за вработување. Понатаму, секоја аптека значи инфраструктура, обука, развој на кадар, но и општински раст. Промовираме професионален развој и таленти. Соработуваме со домашни едукативни институции, факултети и центри за обука.

Инвестиравме во нов иновативен проект за млади – “HUB#Mладина” каде дел од проектот е основање на центар за развој и едукација – Тренинг центар за обука на вработените, чија цел е да се подобрат перформансите, да се зголеми продуктивноста, како и за побрзо интегрирање на нововработените. “HUB#Mладина” e креирана е врз основа на сертифицирана ментроска програма за работа во аптека од Центар за образование на возразни на Министерство за образование и наука и претставува стратешка иницијатива на компанијата.

6. Во услови на глобални трендови и нови предизвици, како Зегин ја гледа иднината на индустријата и какви стратегии за иновации и одржлив развој се планирани?

Иднината на фармацевтската и здравствената индустрија сè повеќе се дефинира преку иновативни решенија, дигитализација, еколошка свесност и персонализиран пристап кон здравјето. Во тој контекст, Зегин, како лидер во својата област, ја гледа иднината не само како предизвик, туку и како можност за трансформација и уште поголем раст и позитивен импакт.