Интервју: Алина Фринку, директорка на категоријата тутунски производи без чад за Југоисточна Европа во компанијата Филип Морис Интернејшнл (ФМИ)
ИНОВАЦИИТЕ НА ПАЗАРОТ ОВОЗМОЖУВААТ ПРИСТАП ДО ПОДОБРИ АЛТЕРНАТИВИ
Тутунската индустрија во Северна Македонија претрпе значителни промени во изминатите две децении, обликувајќи го денешниот пазар — од традиционалното производство на суров тутун, кое долго време беше еден од главните двигатели на локалната економија, до воведувањето на производи без чад кои суштински ги менуваат навиките и начинот на живот на потрошувачите. Благодарение на присуството на „Филип Морис Интернешнл“ (ФМИ) и неговото стратешко партнерство со Тутунскиот Комбинат Прилеп (ТКП), Северна Македонија стана дел од глобалната мрежа на иновации и развој, овозможувајќи трансфер на знаење, технологија и најдобри практики во секојдневното работење. Токму трансформацијата на тутунската индустрија преку иновации е во фокусот на нашиот разговор со Алина Фринку, директорка на категоријата производи со тутун без чад за Југоисточна Европа во ФМИ.
1. Трансформацијата на тутунската индустрија во Северна Македонија во изминатите дваесетина години е евидентна. Што најдобро ги отсликува промените што настанаa?
Тутунската индустрија во Македонија има длабоки корени и има многу значајна улога во домашната економија преку одгледувањето и преработката на суров тутун, кој е еден од најважните земјоделски производи за извоз. Денес оваа индустрија постепено се насочува кон новите глобални трендови – воведување на иновативни производи без чад како подобра алтернатива на цигарите. Со овие иновации, „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП) претстави портфолио производи на македонскиот пазар со кои решително се движи кон реализација на глобалната мисија на ФМИ – иднина без чад. Трансформацијата на пазарот во Македонија е одраз на силното лидерство и нашата јасна посветеност да им понудиме на возрасните пушачи научно потврдени подобри алтернативи. Преку овие производи гледаме можност за долгорочно намалување на стапката на пушење во земјата.
2. Дали земјава заостанува зад светот во поглед на иновациите во тутунската индустрија?
Земјата во последните пет до шест години постигна висок степен на иновативност, особено во категоријата на уреди кои го загреваат тутунот наместо да го горат, наменети за возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од никотинот. Овие производи стануваат сè понапредни со секоја нова генерација, следејќи ги најновите технолошки достигнувања во светот. Нов производ од поинаква категорија — никотински вреќички, кои се широко прифатени во многу развиени земји, наскоро се очекува да се појави и на домашниот пазар. Нашиот примарен фокус на глобално ниво е насочен кон развој на подобри алтернативи за возрасните пушачи кои не се подготвени да се откажат од никотинот. Зад нашите иновации стојат бројни тимови научници, инженери и експерти од различни области кои секојдневно работат на нови решенија, развиени со врвна експертиза и врз база на најсовремени научни сознанија и клинички студии. Овие глобални искуства без задршка ги применуваме и во Северна Македонија.
3. Која иновативна технологија ја гледате како иднината на развојот на тутунската индустрија кај нас?
Сите алтернативни производи имаат важна улога и меѓусебно се надополнуваат во охрабрувањето на полнолетните пушачи да направат подобар и поодговорен избор. Наш приоритет е да развиеме портфолио на производи засновано на науката, новите технологии и глобалните практики, а воедно да ги направиме и потребните промени како компанија и како поединци за да излеземе надвор од традиционалното и да понудиме ново искуство фокусирано на потрошувачите и нивните потреби.
4. Колку потрошувачите се подготвени да ги прифатат иновациите? Со какви предизвици се соочувате на македонскиот пазар?
Во овој контекст би истакнала три главни предизвици. Првиот е што цигарите сè уште се широко прифатени во македонското општество, каде што, и покрај постоечките законски регулативи, нивната употреба се толерира речиси насекаде. Тоа го прави пушењето удобно и нормализирано, па возрасните пушачи имаат мала мотивација да бараат подобри алтернативи. Вториот предизвик е ниската свесност дека алтернативите без чад се помалку штетни од традиционалните цигари, што значи дека ни претстои многу работа во едукација на возрасните потрошувачи за правилно разбирање на овие иновации. Третиот предизвик е тесно поврзан со регулативата и нејзината примена. Најважниот аспект тука е да се обезбеди малолетниците да немаат пристап до никотински производи. Постои закон кој ја регулира оваа област, но неговата примена во пракса би можела да биде поефективна. Ние правиме сè што е во наша моќ во таа насока, користејќи ги сите наши канали и вработени, преку темелна едукација на нашите вработени и почитување на нормите во секој од нашите канали.
5. Колку се важни лидерството и иновациите за одржливиот развој на тутунската индустрија?
Одржливоста е во сржта на нашата деловна трансформација кон иднина без чад. За нас, одржливост значи способност за раст преку иновации и наука, што ни овозможува да создадеме производи кои поефикасно ја намалуваат стапката на пушење од традиционалните мерки за контрола на тутунот. Можеби звучи контрадикторно во однос на нашето основно работење, но крајната цел на компанијата е целосно да ги замени традиционалните цигари со алтернативи со помал ризик, бидејќи тоа е најдоброто што можеме да го направиме за пушачите низ целиот свет и за долгорочната одржливост на компанијата.
6. Што е клучно во овој процес на трансформација?
Секако, континуирано создавање иновации засновани на научни сознанија и докази кои нудат подобри избори. Но, овој процес мора да биде придружен со отворена и транспарентна комуникација заснована на наука, за возрасните пушачи да можат да донесуваат информирани одлуки. Едукацијата за овие алтернативни производи треба да се спроведува преку одговорни маркетинг стратегии и практики, усогласени со локалните закони и културните специфики. Нашето досегашно искуство со такви практики е позитивно, а веќе гледаме охрабрувачки резултати — сè поголем број возрасни пушачи избираат да направат промена. Тоа ни покажува дека сме на вистинскиот пат.