15.10.2025

Халкбанк – Лидерство во време на трансформација 

Во свет кој постојано се менува, економските турбуленции, дигиталната револуција и новите очекувања на клиентите, поставуваат предизвици без преседан пред банкарскиот сектор. Во такви услови, потребни се институции кои имаат капацитет не само да пратат трендови, туку и да ги предводат. Халкбанк веќе повеќе од една деценија се позиционира како лидер во Македонија, банка што со својата визија, стабилност и иновации е двигател на економскиот развој и партнер на компаниите и граѓаните. 

Она што ја издвојува Халкбанк од конкуренцијата е способноста да комбинира традиционална стабилност со иновација. Со континуираниот раст на активата, кредитното портфолио и депозитната база, банката се потврдува како доверлив партнер за компаниите и поединците. Но, во исто време е и промотор на нови решенија кои го трансформираат банкарството. Банката постојано вложува во дигитални платформи, мобилно и онлајн банкарство, како и во персонализирани услуги кои ја подобруваат корисничката искуственост. Клиентите денес можат да извршуваат трансакции без готовина, да отворат сметка целосно онлајн и да добиваат поддршка преку модерни канали за комуникација. За Халкбанк, дигитализацијата не е само технолошки процес, туку стратешка определба која ја приближува банката до потребите на клиентите и да им овозможи побрз, поедноставен и сигурен пристап до услугите. 

„Иднината на банкарството не е само во трансакциите и бројките. Таа е во создавањето на доверба, во долгорочните партнерства, во поддршката на иновациите што ќе ја движат економијата напред и во создавање вредност за луѓето,“ велат од  Халкбанк. 

Како еден од најголемите кредитори во земјата, Халкбанк ја поддржува македонската економија со кредитни линии за компании од различни сектори. Посебен акцент става на малите и средни претпријатија кои се двигатели на растот и новите вработувања и активно инвестира во нивниот развој создавајќи посебни произоди, како оние за стартап екосистемот, женското претприемништво и проекти од областа на одржливата енергија. На овој начин Халкбанк не само што ги финансира, туку и ги поттикнува компаниите да реализираат своите идеи и да постигнат долгорочен успех. Халкбанк е и еден од најголемите поддржувачи на е-трговијата во Македонија и ја има најдобрата платформа е-комерц за плаќања на пазарот со која се олеснува работењето на компаниитен чии производи стануваат достапни на пазарот 24/7. Истовремено, преку учество на бизнис форуми, конференции и партнерства со стопански комори, банката промовира најдобрите практики и ја афирмира културата на иновации и претприемништво. 

Лидерството на Халкбанк се мери и преку посветеноста кон општествената одговорност. Банката активно вложува во проекти кои имаат позитивно влијание врз животната средина, образованието, младите, како и во иницијативи кои ги промовираат културата и спортот. Настаните како Халк Вело Грин, активностите за садење дрвја и едукативните програми за младите се доказ дека Халкбанк не е само финансиска институција, туку и партнер на заедницата кој гради одржлива иднина. Мотото „Важни се луѓето“ не е само слоган, туку филозофија што ја води Халкбанк во секојдневното работење и ја рефлектира посветеноста на банката кон клиентите, вработените и целата заедница, при што се потенцира човечката вредност како централна точка во секоја активност. Без разлика дали станува збор за клиенти, вработени или пошироката заедница, банката ја става и човековата потреба и вредност во центарот на своите активности. 

Со стабилна основа, силна визија и посветеност кон иновации и одговорност, Халкбанк останува еден од најзначајните бизнис лидери во земјата. Таа е банка која не само што ги следи промените, туку и ги предводи, градејќи посветла иднина за клиентите, за бизнисите и за целата заедница.