fbpx

10.10.2024

БАДЕЛ 1862 – ЛИДЕР НА ПАЗАРОТ НА ЖЕСТОКИ ПИЈАЛАЦИ

Бадел 1862 е компанија со богата историја и долга традиција во производството на алкохолни пијалаци, која годинава прославува 162 години од нејзиното постоење.

Компанијата е неприкосновен лидер на македонскиот пазар на жестоки пијалаци со удел од над 25% од вкупниот пазар. Што се однесува на увозот на жесток пијалак во Македонија, околу 50% отпаѓа на „Бадел 1862“.

Пазарното истражување кое е спроведено во 2022ра година  покажува дека скоро и да не постои потрошувач кој не ги пробал Бадел Прима Бренд, Пелинковац, Сакс или Вигор. Препознатливоста на овие брендови на нашиот пазар се  темели на долгогодишното присуство кое заедно со континуираното иновирање од страна на Бадел 1862 води кон константно подобрување на квалитетот кој потрошувачите го препознаваат и наградуваат.

Компанијата Бадел 1862 ја потврдува својата посветеност на иновациите и способноста да ја зачува традицијата и воедно да ги следи современите трендови. Премиумизацијата на производите е процес кој не застанува доколку целта е портфолио на производи кои долго ќе се задржат на пазарот.

За успехот на ова поле говорат и големиот број на медали и награди кои производите на Бадел 1862 континуирано ги освојуваат на светските натпревари како “International Wine and Spirits”, “World Spirits Award”, “Decanter”, “London Spirits Competition” и многу други.

Еден од нај наградуваните производи на Бадел 1862 е  Antique Pelinkovac, премиум хербален ликер создаден од мастер дестилаторот Фрањо Покорни, чија визија го направила Antique Pelinkovac омилен во кралските дворови на Наполеон.

Mацерацијата на повеќе од 40 ароматични медитерански билки и 100% природни состојки, меѓу кои доминира пелинот, креираат слатко-горчлива симфонија на совршено избалансирани вкусови.

Како аперитив и дигестив, Antique претставува непроценливо богатство од вкусови за вистинските љубители на врвни ликери.

Задржувајќи го пристапот на бескомпромисно инсистирање на квалитет и уникатен вкус во секој производ, компанијата минатата година на пазарот лансираше импресивна колекција на ракии и ликери Корлат кои се достапни и на пазарот во Македонија.

Брендот Корлат носи уникатни вкусови на традиционалните пијалаци облагородени со модерно производство, каде секоја капка е внимателно избрана и обработена за да даде врвно искуство и задоволство на потрошувачите. Во галеријата од вистински мали уметнички дела, може да се пронајде богатство од вкусови и премум квалитет за сечиј вкус.

Бадел 1862 низ годините секогаш поддржувал бројни настани и проекти кои се организирале во државата, не само во хорека, туку и во бизнис секторот, особено оние кои имаат потенцијал да придонесат за унапредување на економскиот развој на Македонија и во рамките на ваквата определба, Бадел 1862 со задоволство е бронзен партнер на овогодинешниот Бизнис лидер.