fbpx

09.10.2024

Билал Суџубаши: Лидерството на Халкбанк во воведување нови технологии и услуги на македонскиот пазар е препознаено и од клиентите и од експертите во оваа индустрија

2023 година беше исклучително успешна за Халкбанк во Северна Македонија. Достигнувањата на оваа банка и нејзините високи стандарди во банкарскиот сектор се препознаени и потврдени од многу угледни меѓународни и домашни организации и институции – не само преку продолжување на успешната соработка, туку и преку доделување бројни престижни признанија и награди. Иновативниот пристап, подобрените услуги, воведувањето нови услуги, корпоративната општествена одговорност и придонесот кон развојот на бизнис заедницата, ја потврдуваат лидерската позиција на оваа финансиска институција во Северна Македонија. Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, вели дека овие награди претставуваат валоризација на трудот кој го вложуваат во испорачување најквалитетни услуги за нивните клиенти, како и дополнителен поттик да бидат уште подобри и заедно со останатите во банкарскиот сектор да ги прават услугите побрзи, подостапни и поефикасни за граѓаните и стопанството во Северна Македонија.

Бизнис лидер: Халкбанк изминатиот период беше добитник на бројни престижни признанија и награди во банкарскиот сектор кои ја потврдија лидерската позиција на банката во делот на услуги, нови иновативни производи и дигитализацијата. Зошто признанијата од овој тип се важни за Халкбанк, и воопшто за банкарскиот сектор во Македонија?

Билал Суџубаши: Халкбанк навистина последните години е добитник на повеќе меѓународни, но и домашни награди и признанија што претставува валоризација на трудот кој го вложуваме во испорачување најквалитетни услуги за нашите клиенти.

На пример, би споменал дека банката од водечкото светско списание „Global Banking & Finance Review” беше прогласена за „Најдобра банка за мали и средни претпријатија во Македонија во 2017 година”, а од истото списание беше прогласена и за „Најдобра Банка за Население во Македонија во 2020 година”. Имаме добиено и награда „Креатори на векот“ за 2018 година за придонесот во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа. Во 2020 година ја добивме наградата The Next 100 Global Awards со што се најдовме на листата на компании кои се највозбудливите, најиновативните и најперспективните бизниси од целиот свет. Од списанието „Global Brands Magazine“ бевме прогласени за,,Најдобар финансиски бренд во државата за 2021 година”. Од лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ неколку пати досега  имаме добиено признанија за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери. Пред некој месец Global Brand Frontier ја прогласи Халбанк за најдобра во делот на исклучителни банкарски услуги во Македонија за 2024 година.

Имаше и други меѓународни награди и признанија, а на домашен терен би споменал дека нашиот проектот ХалкЕко на со кој се поттикнуваат здрави животни навики и грижа за природата, но и се зголемува шумскиот фонд и се реализираат други активности во насока на заштита на животната средина, од страна на Министерството за економија беше прогласен за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“.

Овие награди и признанија за Халкбанк се важни бидејќи значи дека лидерството во воведување нови технологии и услуги како водечки на македонскиот пазар, како и за квалитетната и посветена работа и настојување да се обезбеди висок квалитет на услугите е препознаено и од клиентите но и од експертите во оваа индустрија. Овие награди се дополнителен поттик да бидеме уште подобри и заедно со останатите во банкарскиот сектор да ги правиме услугите побрзи, подостапни и поефикасни за граѓаните и стопанството во Северна Македонија.

Бизнис лидер: Како лидер во повеќе сегменти во банкарскиот сектор фокусирани сте на развој и подобрување на услугите. Какви нови услуги подготвувате, кој е главниот фокус?

Билал Суџубаши: Ние постојано ги следиме новите трендови на технологијата и дигитализација и развиваме нови платформи на алтернативни канали за дополнителни производи и услуги. Нашата банка денес е лидер во понуда на услуги креирани според потребите на граѓаните, како и во воведување нови технологии и обезбедување брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.

Халкбанк со досегашната работа веќе ја дефинира насоката кон која се движи, односно следење на технолошкиот развој и максимално користење на сите можности што ги нуди, за да создадеме што подобри и поефикасни услуги. Кога ќе се спојат нашата интенција за мноштво производи што се скроени по мерка на клиентите и се одговор на нивните потреби и податливоста на дигитализацијата, можностите се големи. Верувам дека со нашиот пристап, што приоритетно произлезе од потребата за поедноставување на банкарските услуги и поголема безбедност на граѓаните, го трасираме и патот до дигитализација на банкарскиот сектор.

Бизнис лидер: Ги навикнавте вашите клиенти на постојани подобрувања и дигитализација на услугите. Колку прифаќаат услуги кои се прилагодени на она што се смета за модерна банкарска услуга?

Билал Суџубаши: Живееме во време на глобализација, каде што клиентите имаат пристап и можност да ги согледаат сите искуства во денешно време, во деловните комуникации со странство, деловните патувања и секако можноста за едукација преку интернет согледувајќи ги меѓународните искуства. Со оглед дека најзначајната предност на дигитализацијата се крие во брзината и временската рамка на испорачување на услугите, што е многу важно во денешниот динамичен деловен свет, ние се трудиме постојано да воведуваме вакви услуги.

Халкбанк нуди широк спектар алтернативни услуги кои се практично замена за класичните банкарски операции кои секојдневно се извршуваат во филијалите на банката. Дебитни и кредитни картички од брендовите Mastercard и Visa, СМС Инфо, електронско и мобилно банкарство, развиена мрежа на ПОС уреди, напредна e-commerce понуда, онлајн аплицирање за производи, Смарт кеш, онлајн ажурирање на личните податоци…..се само дел од производите базирани на новите технологии.

Кога зборуваме за тоа колку се прифаќаат ваквите услуги, морам да кажам дека трендот е во нагорна линија. Ова особено дојде до израз за време на здравствената криза кога луѓето „се престрашија“ и почнаа повеќе да ги користат дигиталните услуги, а истиот тренд продолжи и понатаму. Од она основното, вадење готовина што стана јасно дека може полесно да се направи од банкомат отколку  од шалтери на банки, преку плаќање на сметки, нарачка на производи и друго. Ние на пример бевме први на пазарот што воведовме цела палета на онлајн достапни финансиски услуги како онлајн кредитот, онлајн депозитот, онлајн  кредитни, дебитни картички, овердрафт и други смарт услуги. Се покажа дека електронски достапни, производите многу брзо се прифатија од нашите клиенти и нивното користење постојано се зголемува.

Наше мислење е дека финансискиот сектор кој е клучен за секоја единка, било да е физичко или правно лице, може да одигра голема улога во едукацијата на населението во поглед на користење на новите технологии и ние токму тоа и го правиме. Иако можеби инвестициите во креирање и овозможување на нов дигитален производ во прв момент изгледаат неисплатливи, сепак многу брзо се покажува дека сме го направиле вистинскиот чекор.

Бизнис лидер: Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате во промовирањето на решенијата за дигитално банкарство во Македонија и како се справувате со нив?

Билал Суџубаши: Земајќи ја предвид сензитивноста на услугите коишто се нудат, а поврзани пред се со финансиските средства, сепак интересот во користењето на дигиталните трендови постојано се зголемува при што банкарскиот сектор веќе е насочен кон подигање на свеста и активно работи во уверувањето за користење на истите, како од безбедносен аспект, така и од рационален аспект земајќи го предвид  времето како клучен фактор во денешниот деловен свет. 

Промените во технологијата секако носат многу предизвици при спроведувањето. Ова се случува секогаш кога ќе го замениме старото со нешто ново, така што многу луѓе не сакаат да го остават познатото зад себе. За да ги насочиме клиентите кон електронското банкарство, се користат низа алатки. На пример, трансакциите преку е-банка се многу поевтини отколку оние традиционалните, направени на шалтер во банка, што за многу клиенти стана поттик за користење дигитални услуги. Исто така, организираме и најразлични кампањи и наградни игри, како оние за користење на апликациите HalkPay и GarminPay, односно за плаќање со мобилен телефон или Гармин часовник, стимулирање со бонус програмата на користење за плаќање на платформи за електронско банкарство на е-продавниците кои се наши клиенти и друго.

Сепак во целина има раст на користењето на дигиталните канали, особено на помладите генерации кои се повешти и полесно ги прифачаат новите технологии. Еве и од Народна банка е нотирано дека граѓаните сè повеќе ги користат современите канали на плаќање. Во 2023 и 2024 година е забележано зголемување на употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата, за 18% и 17%, соодветно. Притоа, граѓаните сѐ почесто ги употребуваат мобилните апликации за извршување на плаќањата коишто забележаа раст од 22% кај бројот и 30% кај вредноста. Сè поголемото користење на платежните картички секако е охрабрувачко бидејќи тоа понатаму повлекува и поголемо користење на други банкарски производи базирани на новите технологии.

Бизнис лидер: Халкбанк е препознаена како општествено одговорна институција. Кои активности на тој план ве прават особено горди?

Билал Суџубаши: Во Халкбанк постои висока свест за корпоративната општествена одговорност и токму затоа на најразлични начини настојуваме да ја поддржиме заедницата во која делуваме. Во изминативе години сме поддржале многу спортски, културни, образовни и еколошки настани и организации. Нашите глобални планови за општествена одговорност се одвиваат во рамките на платформите – ХалкЕко која претставува наша зелена агенда, потоа Халки која е насочена кон поддршка за најмладите во делот на образованието и едукацијата, платформата – Чуварите на мудроста во чиј фокус е постарата генерација, онаа од која можеме да научиме многу и новата Вистински Слободна – платформа за поддршка на жените претприемачки и за зголемување на финансиската слобода на жените.

Ако треба нешто да издвојам, тоа веројатно би била платформата ХалкЕко за која добивме и награда од Министерството за економија како најдобар општествено одговорен проект во делот на животната средина.  Слободно можам да кажам дека Халкбанк е прва еко банка во државата и како таква посветено работи на подигање на свеста за еколошки прашања. И тоа не само преку кредитирање „зелени“ проекти, туку и со низа општествено одговорни активности и акции во насока на подобрување на состојбата во животната средина и истовремено подигање на свеста за тоа дека сите имаме ист дом – планетата Земја и дека треба да се грижиме за тоа каков дом ќе оставиме на нашите деца и идните генерации.

Уште во октомври 2019 година, ја креиравме мобилната апликација ХалкЕко со која, со низа подароци и бенефиции, ги мотивираме граѓаните да пешачат, трчаат или возат велосипед. Многу брзо апликацијата прерасна во платформа преку која даваме поддршка на активности кои се во насока на поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина. Особено сме горди на акциите за пошумување во рамките на кои досега се засадени над 50 000 садници.

Бизнис лидер: Колку придонесувате за развојот на бизнис заедницата и дали поддржувате бизнис проекти кои  имаат потенцијал да придонесат за унапредување на економскиот или општествениот развој на државата?

Билал Суџубаши: Халкбанк од секогаш била поддржувач на бизнисот, и тоа на компании од сите категории – како на големите етаблирани успешни компании, така и на малите, средни и микропретпријатија кои имаат најголем проблем во обезбедување на финансијски средства, но, во исто време, има огромен придонес за економијата.

Со внимателно слушање и исполнување на потребите на клиентите се трудиме да креираме производи прилагодени на нивните потреби, а со поддршката што ја даваме нa инвестициите и со помагање на поединци и бизниси да  ги реализираат своите идеи и амбиции, ја помагаме економијата во целина.

Колкава е нашата поддршка за бизнис секторот најдобро покажува потојаниот пораст на обемот на кредитирање. Еве на пример лани, и во услови на затегната монетарна политика од страна на Централната банка, ние го зголемивме кредитирањето за над 93 милиони евра. Ова најмногу се должи на корпоративниот сектор каде што имавме зголемување на кредитирањето во висина од речиси 97 милиони евра. Раст на кредитирањето има кај сите големини на компании. Најголем, секако, е во сегментот на големите компании, но пораст има и кај средните, малите и микро фирми.

Можам да кажам дека Халкбанк е вистински партнер на стопанството кој дава поддршка на бизнисот да се развива, не само преку кредитирање, туку и преку воведување иновативни услуги кои го олеснуваат водењето бизнис. Ние сме тука да поддржиме секоја издржана идеја и бизнис проект кои имат потенцијал да придонесат за развој бидејќи така ќе се развиваме заедно – и ние како банка и економијата во целост, придонесувајќи истовремено за задржување на младите во земјата.

Бизнис лидер: Халкбанк е главен и ексклузивен спонзор на настанот Бизнис лидер кој ќе се одржи оваа година за прв пат. Која е мотивацијата да се биде дел од таков проект?

Билал Суџубаши: Како еден од најголемите поддржувачи на бизнисот во земјата и тоа на сите сектори на економијата и сите бизнис слоеви, со задоволство прифативме да го поддржиме и да бидеме партнер на еден ваков проект кој го прославува успехот на македонските компании. Но и кој има за цел да го поттикне развој и зајакнување на позитивна бизнис клима преку промовирање на висока деловна практика на најголемите и најпрофитабилните компании, како и на најголемите работодавачи и да овозможи вмрежување и соработка меѓу бизнисите.

За да се стане бизнис лидер потребна е визија и потребно е многу труд, работа, посветеност и следење на потребите на пазарот и многу е добро преку еден ваков проект да се истакнат успешните приказни и нивните достигнувања кои неретко остануваат непрепознаени.

Она што особено не привлече во  проектов е фактот дека, меѓу другото, ќе бидат истакнати и жените бизнис лидери, потоа најбрзо растечките компании и најдобрите стартапи во државата. Од причина што ние како банка токму овие категории веќе ги препознавме како потенцијал кој, доколку добие поддршка, може да стане значаен чинител на македонската економија. Халкбанк настојува да помогне и да ги поттикне идните лидери да ги користат нивните таленти и вештини и да создадат можности истите да можат паметно и ефективно да се употребат.