Бреинстер – #1 образование што вработува
Бреинстер е водечка едукативно-технолошка институција, препознаена по својот практичен пристап кон образованието, со современи модули и експерти од својата област. Мисијата на Бреинстер е вработување на секој еден студент и создавање иноватори и лидери кои ќе бидат движечка ИТ-сила во регионот.
Со фокус на реални проекти, практични вештини и директна комуникација со индустријата, ние го градиме образованието на иднината. Како лидери во едукативниот и технолошкиот сегмент, создаваме образовна платформа која одговара на реалните потреби на современите компании. Со студирањето на нашите академии, студентите се стекнуваат со клучни технички и меки вештини, како и вештини за вработливост кои се особено значајни за денешниот пазар на трудот. Учењето на Академијата е засновано на најновите трендови, кои постојано ги интегрираме во нашите програми.
Бреинстер има мрежа од 200+ партнерски компании. Соработките со водечките компании од регионот ни овозможуваат да им дадеме можност за кариерен развој на најуспешните студенти. Нашата работа со талентите не завршува со нивното студирање. По дипломирањето, тимот за Партнерства им помага на квалитетните студенти да добијат вработување или пракса кај компаниите од нашата мрежа, која постојано се шири. За таа цел, во јуни оваа година го организиравме и најголемиот ИТ-саем за вработување – Brainster Job Fair, каде што нашите студенти добија ексклузивна можност да се претстават пред компаниите. Соработките со партнерите ни помогнаа да овозможиме 2204+ вработувања и пракси за нашите студенти.
Со нашите специјално дизајнирани програми ги подготвуваме студентите за конкурентниот пазар на трудот. Тие добиваат уникатна можност да соработуваат со реални компании на вистински проекти, создавајќи богато портфолио уште додека студираат.
Како број 1 образование што вработува, Бреинстер организира различни активности: настани, саеми, соработки, иницијативи и проекти во текот на целата година за осигурување на кариерниот успех на студентите. Како дел од активностите што ги организираме се 48 часовните хакатони, каде талентите работат во тимови на заеднички решенија. Овие спринтови се симулација на реална работна средина, каде студентите учат да работат под притисок, размислувајќи брзо и ефикасно за кратки рокови.
Го креиравме популарниот настан „Од Креативност до Кариера“ чија цел е студентите и младите лидери да слушнат лични приказни од успешни претприемачи од Македонија. Овие настани секогаш привлекуваат голем интерес затоа што студентите имаат можност директно да поставуваат прашања и да добијат значајни совети за својата кариера. Концептот е едноставен: пет успешни говорници зборуваат на тема поврзана со бизнисот во Македонија. Со ваквите настани, сакаме да ги доближиме успешните приказни до студентите и да ги мотивираме да размислуваат поголемо.
Како водечки едукативен и технолошки центар, Бреинстер активно поддржува проекти со потенцијал да придонесат кон економскиот напредок во Македонија. Затоа со гордост се приклучуваме како бронзен партнер на проектот Бизнис Лидер, кој има за цел да ги поттикне идните економски двигатели на нашата земја.
Преку нашите едукативни програми, директно придонесуваме кон развој на новиот ИТ-кадар во Македонија, овозможувајќи талентите да ги реализираат своите иновации и да придонесат кон економскиот напредок на земјата.