fbpx

24.09.2024

Интервју со Дијана Стојковска – Директорка на „Мој Дилер“

Да се биде „Бизнис лидер“ значи многу повеќе од само постигнување на успех. Тоа значи да се преземе одговорност и да се биде пример за другите. Оваа „титула” истовремено ни наметнува одговорност и ни отвара можност да се влијае на пазарот и општеството, водени од принципи на успех, иновација и одржливост.

Денар: Како „Мој Дилер“ ја позиционира својата улога како лидер во индустријата и кои се главните предизвици со кои се соочувате во таа улога?

-Секогаш се стремиме да бидеме чекор понапред, внесувајќи нови решенија на пазарот со кои овозможуваме различни опции за клиентите и ги прошируваме нивните избори, што ни дава конкурентска предност и не позиционира како лидери во индустријата. Главните предизвици доаѓаат токму од овој аспект – да ја одржиме таа предност и да продолжиме да ги изненадуваме нашите клиенти со нешто ново и подобро, а истовремено тоа да биде и со доста поконкурентни цени.

Денар: Како вашата компанија придонесува за развојот на бизнис заедницата во Македонија? Можете ли да споделите конкретни примери за вашата поддршка на други бизниси?

-Преку нашиот иновативен начин на работа, ги отвораме вратите за нови, подобри можности, не само за нас туку и за оние компании во истата бранша кои сакаат да го следат нашиот или сличен пат. За таа цел, секогаш сме отворени за соработка и поддршка, со несебично и транспарентно споделување на нашите искуства, знаење и информации, бидејќи веруваме дека само заеднички можеме да придонесеме кон подобрување на целата бизнис атмосфера.

Денар: Што значи за вас да бидете „Бизнис лидер“ и како ја гледате оваа титула во контекст на вашето работење?

-Да се биде „Бизнис лидер“ значи многу повеќе од само постигнување на успех. Тоа значи да се преземе одговорност и да се биде пример за другите. Оваа „титула” истовремено ни наметнува одговорност и ни отвара можност да се влијае на пазарот и општеството, водени од принципи на успех, иновација и одржливост.

Денар: Како иновациите влијаат на вашиот пристап во работата и кои се некои од клучните иновативни практики што ги имплементирате?

-Имплементирањето на иновации овозможува создавање на персонализирани решенија за нашите клиенти. Во таа насока, за првпат во Македонија и во регионот донесовме нов специјално изработен производ, единствен на пазарот – ВИП луксузно комбе со кожени седишта во кои се вградени масажери, највисоко ниво на опременост, смарт ТВ, мини ладилник, неспресо кафемат и многу други дополнителни сегменти. Како резултат на ваквите иновативни практики, „Мој Дилер“ стана лидер во продажба на специјални возила.

Денар: Кои се вашите планови за иднина во насока на зајакнување на позицијата на „Мој Дилер“ и кои се клучните области во кои планирате да се фокусирате?

-Нашата цел е да ја промениме перцепцијата на пазарот и да покажеме дека постојат многу подобри и попристапни опции кои може да го задоволат секој потребен критериум на клиентите, а да не се тоа по дифолт некои звучни брендови. Дополнително, ќе се фокусираме на позиционирање на „Мој Дилер“ како популистички бренд, каде купувачите се централни и чувствуваат дека брендот ги застапува нивните интереси со тоа што им овозможуваме значително поголема вредност – по прилично пониски цени.

Преземено од порталот Денар, медиумски партнер на „Бизнис Лидер“.