„Сава осигурување“: Бренд препознатлив по лидерство и иновативни решенија
„Сава осигурување“, како дел од „Сава осигурителна групација“, го одбележува своето значајно присуство на македонскиот пазар со повеќе од 30 години успешна работа. Со стратегиски инвестиции и континуиран напредок, Групацијата успешно ги следи динамичните промени на пазарот и со своите иновативни решенија ја задоволува потребата за сигурност и стабилност кај своите клиенти. Во услови на брзо менување на економските и технолошките трендови, „Сава осигурување“ континуирано инвестира во модернизација, развој на човечкиот капитал и дигитална трансформација, што го прави лидер во обезбедувањето стабилност на пазарот и доверба кај клиентите.
„Сава осигурување“ се смета за еден од најстабилните брендови на македонскиот пазар. Врз основа на спроведените бренд-истражувања од страна на нашата матична компанија, нашиот бренд котира на првата позиција на македонскиот пазар. Се издвојуваме не само по стабилност туку и по својата подготвеност да се адаптираме на новите пазарни предизвици. Нудиме решенија кои одговараат на потребите на различни клиенти и со тоа активно ја обликуваме иднината на осигурителната индустрија во РС Македонија. Со воведување нови осигурителни услуги, асистенски центар, потоа следење на дигиталните трендови и пренос на знаење, „Сава осигурување“ се истакнува како партнер кој не само што ја води индустријата туку и партнер во поставување на новите стандарди за квалитет, сигурност и посветеност.
„Сава осигурителна групација“ активно придонесува кон развојот на бизнис-заедницата во Македонија преку своите бројни инвестиции и иновации. „Сава пензиско друштво“ а.д. Скопје, како дел од „Сава осигурителна групација“, се истакнува како лидер во пензиското осигурување, играјќи важна улога во стабилноста на македонскиот пензиски систем. Преку проекти како „Сава стејшн“, првата станица за технички преглед интегрирана со осигурување, која се наоѓа во населбата Илинден, потоа од оваа година со инвестиции во здравствениот сектор – отворање на поликлиниката „Вита С“ во Скопје, Групацијата ја потврдува својата посветеност кон развојот на локалната економија и унапредување на услугите за граѓаните. Со овие чекори, „Сава осигурителна групација“ го поттикнува економскиот раст и создава нови можности за заедницата.