15.10.2025

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп – Решителното лидерство и иновациите ја обликуваат визијата за иднина без чад 

Кога во 2014 година започна соработката помеѓу Филип Морис Интернејшнл (ФМИ) и Тутунскиот комбинат Прилеп (ТКП), малкумина претпоставуваа дека ова јавно-приватно партнерство ќе стане еден од најуспешните економски модели во регионот. Денес, заедничката компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) е пример како стратешката визија водена од иновации може да создаде долгорочна вредност – за компаниите, земјоделците, заедницата и за целата локална економија. Ова партнерство не само што ја зачува традицијата на македонското тутунопроизводство, туку ја претвори тутунската индустрија во модерен систем кој се темели на технологија, квалитет и одржливост. 

Во изминатата деценија, ФМТКП вложи над 14 милиони евра во модернизација на производните процеси со кои го усогласи квалитетот со најстрогите европски стандарди. Но визијата за трансформација не застанува само на производството. Со инвестирање во соларни панели на покривот, ТКП фабриката во Прилеп направи чекор кон енергетска независност и зелена иднина. Со овој проект, фабриката не само што ги намали оперативните трошоци, туку и ги намали издувните гасови за 30 отсто, што е јасна порака дека економскиот раст и одржливоста се нераскинлив дел за успешна трансформација на индустријата.   

Економски двигател на локалната и европската заедница 

ФМИ е еден од водечките откупувачи на домашен тутун, со што компанијата обезбедува стабилен извор на приходи за илјадници земјоделски семејства. ФМТКП го извезува производството од фабриката во Прилеп на девет пазари во регионот и ЕУ, директно поддржувајќи над 700 работни места во различни сегменти, од фабричките линии во Прилеп, преку заедничката компанија во Скопје, до дистрибутивната мрежа и современиот кол-центар. Со исплатени над 102 милиони евра во државниот буџет во 2024 година по различни даночни основи, ФМТКП има удел од околу 4 отсто во вкупниот даночен приход на државата.  

Сите овие бројки претставуваат многу повеќе од статистика – тие значат економска сигурност за илјадници семејства, развој на заедницата и поттикнувачки ефект за локалната економија. 

Инвестициите на ФМТКП во Македонија ја надополнуваат развојната стратегија на Филип Морис Интернејшнл на ниво на Европската Унија. Резултатите од петгодишната студија EY-Parthenon за економскиот придонес на Филип Морис Интернејшнл во Европската Унија (2019-2023), што неодамна јавно ги презентираше менаџментот на компанијата, покажаа дека во период од пет години, ФМИ поддржал повеќе од еден милион работни места во ЕУ, инвестирал речиси 20 милијарди евра во мрежата на мали и средни претпријатија и повеќе од 2,3 милијарди евра во истражување и развој, со вкупен економски придонес од околу 290 милијарди евра низ целата Унија. Тоа се  инвестиции кои не остануваат во лабораториите, туку се слеваат во локалните заедници, земјоделството, технолошките центри и фабриките водејќи кон остварување на долгорочната цел на Филип Морис Интернејшнл – создавање иднина без чад. Глобалното патување на компанијата кон ваква иднина носи видливи резултати. Денес, над 40 отсто од глобалните нето-приходи на компанијата доаѓаат од производи без чад, произведени во 15 од вкупно 19 европски фабрики, овозможувајќи и на компанијата смело да се трансформира и да ги утврдува новите трендови во тутунската индустрија.   

Примарниот фокус на ФМИ е насочен токму кон развој и унапредување на подобри алтернативи за возрасните пушачи кои не се подготвени да се откажат од никотинот, а тоа се тутунските производи без чад. Зад овој процес стојат бројни тимови научници, инженери и експерти од различни области кои секојдневно работат на нови решенија, развиени со врвна експертиза и врз база на најсовремени научни сознанија и клинички студии спроведени низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД и Јапонија.  

Верувајќи во својата мисија, компанијата континуирано го приспособува своето работење и портфолиото на производи во насока на замена на традиционалните цигари со производи без чад. Резултатот е проширено портфолио на нови производи кои значајно придонесуваат кон реализација на визијата за иднина без чад од тутун. Денес овие производи се присутни на повеќе од 95 пазари во светот, што претставува доказ за глобалниот напредок кон поодржлива иднина, како и за посветеноста на компанијата кон креирање промени на подобро. Истовремено, компанијата вложува во едукација и подигање на свесноста за значењето на научниот пристап и намалувањето на штетите како клучен сегмент од унапредувањето на јавното здравје. 

Поглед кон иднината 

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп не е само пример за успешно јавно-приватно партнерство, туку доказ дека посветеноста кон реализација на долгорочната стратегија може да ја трансформира традицијата во современост, а локалната економија во регионален лидер. 

Со темели изградени врз иновации, одржливост и социјална одговорност, компанијата ја обликува иднината на македонската тутунска индустрија, сместувајќи ја земјата на картата на модерните економии. Тоа е визија што не се мери само во бројки, туку и во нови перспективи, отворени можности и трајни вредности за целото општество.