НА 17 СЕПТЕМВРИ СЕ ОДРЖУВА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИС ЛИДЕР“
Најголемиот настан за бизнис лидери и претприемачи
На 17 септември во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи првата конференција „Бизнис лидер“, најголемиот бизнис настан во земјава кој ќе ги обедини највлијателните и најуспешните лидери и претприемачи од различни индустрии. Целта на конференцијата е да создаде уникатна платформа за размена на идеи и иновации, да понуди можност за споделување на најновите деловни трендови и успешни примери од пракса, и да дефинира стратешки насоки кои ќе го поттикнат растот и развојот на македонскиот бизнис сектор.
Главна тема на конференцијата е „Обликување на иднината: Лидерство во ерата на трансформација“. Настанот ќе трае еден ден, а ќе понуди инспиративни говори од меѓународни експерти и панел дискусии со највлијателните македонски бизнис лидери.
Официјалниот дел на конференцијата ќе го отвори министерот за економија и труд на Република Северна Македонија, Бесар Дурмиши, кој ќе одржи воведен говор на тема „Визија за економскиот развој на Македонија“. Потоа, Огнен Огненоски, основач и извршен директор на Бизнис Мрежа, ќе ја презентира макроекономската анализа на македонското стопанство за 2024 година, а Анета Коробкина, трансформациски коуч, автор и предавач, ќе говори за трендовите во светското лидерство.
Во рамките на програмата ќе се одржат четири динамични панел дискусии, кои ќе понудат различни перспективи и практични искуства од водечките имиња на македонската бизнис сцена:
Покрај панел дискусиите, програмата вклучува и презентации на успешни приказни и инспиративни разговори. Генералниот директор на Млекара АД Битола, Ѓорѓи Петрушев, ќе одржи главна презентација на тема „Одржливост како вредност – одговорност на успешните бизнис лидери“. По неа ќе следи инспиративен разговор на истата тема, модериран од Владимир Ристевски, извршен директор на Евентика и партнер и креативен директор на Пиксел.
Генералната директорка на Макстил, Марија Дуковска Павловска, ќе модерира разговор на тема „Зелена трансформација и конкурентност“, со учество на генералниот директор на Раде Кончар – ТЕП, Горан Антевски. Настанот ќе заврши со завршен говор од Борислав Тноковски, ТВ презентер на Канал 5 Телевизија.
Конференцијата „Бизнис лидер“ претставува идеална можност за сите присутни да се инспирираат, да разменат искуства и да се вмрежат со лидери од различни сектори.
Повеќе информации за агендата, говорниците и купувањето билети се достапни на официјалната веб-страница на конференцијата: https://konferencija.biznislider.mk.