21.10.2025

20 години раст и 7 пазари: Како Delight стана регионален бизнис лидер

Delight Office Solutions, водечката компанија за опремување деловни простори во
регионот Adria, повеќе од две децении создава стандарди на пазарот со иновативни и
персонализирани решенија. Со над 100 вработени и силно присуство во седум земји од
регионот- Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија,
компанијата претставува пример за регионална приказна на успех која прерасна во лидер
со препознатлив бренд и влијание на повеќе пазари.
Delight ја гради својата позиција преку темелна имплементација на долгорочни бизнис
планови, дигитализација на процесите и постојано инвестирање во организацискиот
развој. „Секој пазар носи различни предизвици и бара сопствен пристап. Но, кога имаш
добра формула, можеш да се прилагодиш на било која средина и да создадеш резултати.
Горди сме што веќе две децении успеваме да ја докажеме таа флексибилност и да
растеме заедно со нашите клиенти, “ истакнува Радослав Милошески, регионален
менаџер на Delight Office Solutions.

Работејќи на различни пазари, Delight стекна вредно искуство кое им овозможува на
компанијата и на нејзиниот тим да создаваат решенија со додадена вредност. Оваа
комбинација на локално знаење и регионална перспектива ја прави компанијата
препознатлив партнер кој знае како да одговори на потребите и на најкомплексните
клиенти.
Покрај регионалното присуство, Delight останува цврсто врзан со македонската економија
поддржувајќи локални партнери, инвестирајќи во човечкиот капитал и креирајќи нови
работни места. Компанијата активно го промовира концептот на одржлив раст и
иновации, со што дава силен придонес кон развојот на целата бизнис заедница.
Со јасна стратегија, силни вредности и ориентација кон квалитет, Delight Office Solutions
продолжува да го дефинира лидерството во индустријата и да докажува дека успешна
македонска компанија може да биде препознатлив бренд на регионално ниво.