fbpx

03.10.2024

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп локален бизнис лидер во глобалната мисија за иднина без чад

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) е еден од водечките производители на тутун и тутунски производи во Македонија, со значајна улога на локалниот и регионалниот пазар. Потенцијалот на Тутунски Комбинат Прилеп АД Прилеп (ТКП) беше препознат од светскиот гигант во тутунската индустрија Филип Морис Интернешнел (ФМИ), со кого во 2014 година е склучено стратешко партнерство и е формирана заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), која претставува спој на традицијата и стручноста на двата ентитети.

Ова стратешко партнерство не само што ја донесе најголемата светска тутунска компанија на македонскиот пазар, туку придонесе Тутунски Kомбинат Прилеп денес да биде успешна компанија. Со примена на високи стандарди и строги правила, ФМИ е пример за трансфер на своите вредности и знаења на локалните компании, а воедно е и еден од најголемите откупувачи на тутун во Македонија.

Заедничката компанија во последните години ги подигна стандардите за квалитет, ја подобри инфраструктурата на производството, ја модернизираше опремата и гo реновираше производниот погон, со што беа исполнети високите стандарди и строги барања на ФМИ за производство на премиум брендови. Ова овозможи ТКП да се запише на мапата производители на светски познатите брендови на цигари од портфолиото на Филип Морис. Покрај тоа, целиот овој процес го доведе ТКП од ниво на производен центар наменет исклучиво за домашниот пазар, до ниво на производен центар кој произведува за пазарите во ЕУ, Југоисточна Европа и пошироко.

Водејќи се од високите стандарди на квалитет, безбедност и ефикасност на производството што ги поставува Филип Морис, ФМТКП придонесува во имплементација на стратегијата на глобалната трансформација, насочена кон намалување на користењето на традиционалните тутунски производи и фокусирање на алтернативни, помалку штетни производи. Како резултат на тоа, ФМТКП пред четири години на македонскиот пазар го донесе и иновативниот уред IQOS, со кој возрасните пушачи во земјата кои не сакаат да се откажат од пушењето, добија можност да изберат помалку штетна алтернатива од цигарите.

Иновативниот уред кој го загрева, а не го согорува тутунот, при што се создава аеросол кој во себе содржи во просек 95 отсто помалку штетни и потенцијално штетни состојки во однос на чадот од цигарите, е резултат на работата и посветеноста на над 1500 врвни научници и експерти, во што се инвестирани повеќе од 12,5 милијарди долари. IQOS е достапен на 90 пазари во светот, со повеќе од 36,5 милиони корисници во светот, од кои 22,1 милиони целосно ги откажале цигарите и преминале на оваа помалку штетна алтернатива. Тутунската индустрија е сведок на големи промени, а Филип Морис останува лидер на тие промени.

Глобалната мисија на ФМИ е насочена кон свет без чад, а ФМТКП како бизнис лидер на локалниот пазар, активно учествува во развој, промоција и одговорна комерцијализација на овие производи.

Компанијата активно работи на адаптација на своите процеси за да одговара на меѓународните стандарди за одржливост, вклучително и одговорно управување со ресурсите и намалување на отпадот. Преку различни иницијативи, ФМТКП ги имплементира глобалните практики за одржливо производство и социјална одговорност на локално ниво. Покрај тоа, компанијата ги следи и имплементира меѓународните и локалните регулативи за тутунската индустрија, со акцент на транспарентност и одговорно деловно работење.

Од минатата година, комбинатот користи и електрична енергија од обновливи извори, поточно од соларни панели поставени на покривите, кои целосно ги задоволуваат потребите за производство и редовно работење. Денес, компанијата има нови цели, а тоа е извоз во Источна и Југоисточна Европа, како и на пазарите во Европската Унија, со што е на одличен пат да стане синоним за квалитет и грижа за корисниците во Европа, па и пошироко.

ФМТКП важи и за призната општествено одговорна компанија која постојано вложува во заедницата преку различни иницијативи, како и преку проекти во доменот на образованието и здравствената заштита. Тука спаѓа и промоцијата на напредни програми за развој на вештини за своите вработени, почитување на работничките права и обезбедување добри услови за работа, во согласност со меѓународните трудови стандарди. Компанијата ја препознава важноста од воспоставување култура која го слави секој вработен, ги охрабрува сите да го донесат најдоброто од себе на работа и обезбедува еднакви можности за сите, без разлика на возраста и родовата припадност, поради што е и членка на Алијансата за родова еднаквост.