ИНТЕРВЈУ| Леонид Антиќ, „Гранд Скопје“: Иновации, одржливост и архитектонска визија – пионерски проект што ќе го трансформира центарот на Скопје
Леонид Антиќ, член на Управниот одбор на „Гранд Скопје“
Една од клучните карактеристики што го издвојува комплексот „Гранд Скопје“ од останатите е урбаниот парк со големина на Плоштадот Македонија, кој ќе создаде зелена оаза во центарот на градот. Покрај тоа, овој пионерски пристап целосно ќе го трансформира начинот на живеење во урбана средина.
Во срцето на Скопје се гради нов станбено-деловен комплекс. Леонид Антиќ, член на Управниот одбор на „Гранд Скопје“ ветува дека на повидок е едно сосема ново урбано живеење со комбинацијата на иновативен дизајн, енергетска ефикасност и зелени решенија. Како посебна придобивка што комплексот ќе ја понуди на своите станари и на жителите на централното подрачје е простор целосно ослободен од моторен сообраќај.
Комплексот „Гранд Скопје“, чии контури полека се вклопуваат во градскиот пејзаж, наметна нови стандарди во проектирањето. Кои се клучните карактеристики на „Гранд Скопје“ што го прават лидер во модерната понуда на недвижности?
Леонид Антиќ: „Гранд Скопје“ се издвојува како лидер во пазарот на недвижности благодарение на неговите уникатни карактеристики и иновативен пристап. Првенствено, преку проектот поставивме нови урбани стандарди во проектирањето што ќе му ја даде на Скопје модерната компонента што недостасуваше во развојот на неговото градско јадро. Понатаму, „Гранд Скопје“ е сложена структура која успешно ги интегрира клучните елементи на современата архитектура – естетиката и функционалноста и истовремено овозможува конкретни придобивки како енергетска ефикасност, зелени простори и повеќенаменски урбани содржини.
Сепак, една од клучните карактеристики што го издвојува комплексот „Гранд Скопје“ од останатите е урбаниот парк со големина на Плоштадот Македонија, кој ќе создаде зелена оаза во центарот на градот. Покрај тоа, овој пионерски пристап целосно ќе го трансформира начинот на живеење во урбана средина.
Дополнително, отворената шопинг галерија која ќе се поврзе со Градскиот трговски центар ќе овозможи уникатно шопинг искуство. Содржински и структурно, галеријата ги поврзува двата центри и претставува физички и функционален мост меѓу сите компоненти на комплексот.
Локацијата на комплексот, која нуди поглед кон Водно и Вардар, е исто така голема предност и го прави „Гранд Скопје“ идеален за оние кои сакаат да бидат во срцето на градот.
Иновацијата е клучна во денешниот пазар. Кои иновативни решенија ги имплементиравте во „Гранд Скопје“?
Леонид Антиќ: Комбинацијата на иновативен дизајн, енергетска ефикасност и зелени решенија е она што го прави „Гранд Скопје“ пример за модерно и одржливо проектирање.
„Гранд Скопје“ воведе неколку клучни иновации, особено во однос на одржливоста, енергетската ефикасност и создавањето на зелен простор. Сите објекти во комплексот, „Grand River“, „Grand View“, понатаму административниот објект на „Стопанска Банка АД – Скопје“ и „Гранд Бизнис Центар“, се проектирани според највисоките стандарди за енергетска ефикасност. Ова е клучен фактор во денешно време, особено со оглед на растечките цени на енергенсите, но пред сè и заштитата на животната средина.
Покрај тоа, инкорпорирањето на зелени површини, како што е урбаниот парк кој ќе биде една од централните точки на „Гранд Скопје“ дава сосема нова димензија на живеењето во центарот на градот. Тука е важно да напоменам дека уште во рамки на првата фаза од реализацијата на комплексот „Гранд Скопје“ веќе се постигнати 35% зелена површина што е над законскиот минимум од 20% по градежна парцела. Ова е потврда дека при планирањето и изведувањето
„Гранд Скопје“ ги запазува највисоките стандарди, не само за градба туку и за хумано живеење.
Заштитата на животната средина и почитување на еколошките стандарди се одлика и на планирањето и реализацијата на административно-деловниот објект на „Стопанска банка АД – Скопје“. Овој проект е во процес на сертифицирање со престижниот LEED (Leadership in Energy and Environmental Design/Лидерство во енергетски и еколошки дизајн) сертификат кој e водечки во одржливото планирање и архитектура.
Покрај архитектонската и урбанистичката иновативност, какво искуство ќе понуди Гранд Скопје на своите станари, корисници и на пошироката заедница?
Леонид Антиќ: Една од најзначајните придобивки што „Гранд Скопје“ ќе им ја понуди на своите станари и на жителите на централното подрачје е простор целосно ослободениот од моторен сообраќај. Ова овозможува создавање на пространа пешачка зона, во чие средиште ќе биде урбаниот парк.
Дополнително, паркирањето за станарите и за посетителите ќе биде решено со три подземни нивоа, обезбедувајќи 1.000 паркинг места. Едно ниво е целосно јавно достапно, со што просторот станува инклузивен и отворен за сите, не само за станарите и компаниите.
Ваквиот модерен пристап го прави комплексот еден од најдостапните и најфункционални објекти во Скопје, а притоа се запазуваат и неговите сегашни динамики на движење како оската кон градскиот кеј, оската кон ГТЦ и кон центарот на градот.
Урбаниот парк, кој веќе го споменав, а кој ќе се протега на површина од 7.500 м2, ќе понуди бројни содржини за рекреација и релаксација, не само за луѓето што ќе живеат таму туку и за целиот град. За да го постигнеме ова, ние сме меѓу ретките, ако не и единствени, што со обесштетување на приватни корисници создаваме јавен простор за сите граѓани.
Што прави „МГ Фешн“ за да биде лидер на пазарот на недвижности? Кои стратегии ги користите за да го одржите водството?
Леонид Антиќ: „МГ Фешн“ се позиционира како лидер на пазарот на недвижности преку комбинација на искуство, иновативност и фокус на квалитет. Нашата стратегијата се заснова на три главни принципи: врвен квалитет во изградбата, задоволство на клиентите и одржливост.
Во изминатите повеќе од 10 години создадовме исклучително квалитетни комерцијални, резиденцијални и деловни објекти како што се „Skopje City Mall“ и „Skopje City Tower“, како и управните згради на „ProCredit Bank“ и „A1 Македонија“. Уникатниот пристап на одржување на тесна врска со нашите клиенти и ставање на нивните потреби во центарот на секој проект ни овозможува успешна реализација и висока доверба. Тоа се потврдува и преку комплексот „Гранд Скопје“, за кој покрај довербата од граѓаните и огромниот интерес за домување, од важно значење за нас е и довербата што ја добивме од „Стопанска банка – А.Д. Скопје“ за проектирање и изведба на нивната главна административна зграда.
Следејќи ги проектите како „Белград на вода“ , „mixed use“ проектите во Ротердам, „Гранд Скопје“ има за цел да ги преслика најдобрите практики од западните градови и да ги донесе врвните стандарди на урбанистичко планирање и дизајн дома.
Како вие, како дел од Управниот одбор, го гледате развојот на пазарот на недвижности во Скопје во годините што следат и како „Гранд Скопје“ се вклопува во таа слика?
Леонид Антиќ: Во следните неколку години очекувам стабилизација на пазарот на недвижности и остварување на потенцијалниот раст на цените. Нашето искуство е дека и сега имаме висока побарувачка за станбени и деловни простори. Ова е поттикнато од неколку фактори, како што се урбанизацијата, растечката економија и интересот за модерни решенија што комбинираат функционалност и естетика.
Сметам дека трендовите и во иднина ќе се движат кон уште поголема побарувачка за енергетски ефикасни, одржливи и мултифункционални објекти и токму затоа „Гранд Скопје“ совршено се вклопува во оваа визија и постави нови високи стандарди во проектирањето и изведбата.
Како „Гранд Скопје“ влијае врз економскиот развој на градот и како го поттикнува локалниот развој и инвестициите?
Леонид Антиќ: Проектот „Гранд Скопје“ ќе има значително влијание врз економскиот развој на градот, активирајќи дополнителни 20 стопански гранки, што води до отворање на нови работни места и ангажирање на различни сектори во текот на неговата реализација. Ваквиот обемен процес бара внимателно и ефикасно менаџирање за да се осигураат квалитетот и времето на изведба.
Комплексот „Гранд Скопје“ е со мешана употреба, за домување и за деловно работење и е атрактивен и за граѓаните и за компаниите поради централната локација и функционалноста која ја нуди. Ова го постигнавме преку практичните услови што ги нуди комплексот, како што се големиот број на паркинг места, сообраќајна интеграција, како и влијанието врз околината. Нашиот современ пристап кон урбанистичкото планирање не само што нема да ја нарушат динамиката на центарот на градот која ја диктираат овие фактори, туку дополнително ќе ја направат поефикасна.
Што се однесува до поттикнување на позитивна бизнис клима, „Гранд Скопје“ воведува три типа на деловни содржини, кои имаат потенцијал да го трансформираат строгиот центар на Скопје во ново бизнис јадро. Со ваква инфраструктура, комплексот привлекува нови инвеститори, поттикнува економскиот раст и го зајакнува локалниот пазар.
Со успешниот развој на „Гранд Скопје“ нема да расте само економската вредност на проектот, туку целата непосредна средина и економските гранки кои функционираат во таа околина добиваат додадена вредност.
Кои се вашите долгорочни планови за „Гранд Скопје“ и каде го гледате проектот во следните 5-10 години?
Леонид Антиќ: За десет години „Гранд Скопје“ го гледам како простор исполнет со среќни луѓе и успешни бизниси кои ги ползуваат придобивките на локацијата и на модерното урбано планирање.
Со самата реализација на „Гранд Скопје“ и неговите последователни фази, се прави најголемиот скок и контраст – од најзапуштениот дел на градот се создава најмодерниот дел. Овој трансформациски процес нема само да го промени ликот на Скопје, туку им овозможува на сите досегашни жители на тој простор да бидат учесници и сопственици на новата промена, со подобрен квалитет на живот.
Сигурен сум дека „Гранд Скопје“ во следните 5 до 10 години навистина ќе стане „15-минутен град“ и дека граѓаните ќе ги уживаат придобивките од работење, купување, образование, здравство и забава, достапни за 15 минути пеш, со велосипед или со јавен превоз од оваа точка од градот.
„Гранд Скопје“ е златен спонзор на проектот „Бизнис Лидер“, чија цел е поттикнување на позитивна деловна клима и поврзување на бизнис заедницата преку различни активности. Кои се вашите очекувања од овој проект?
Леонид Антиќ: Нашата визија за „Гранд Скопје“ како водечки урбанистички и бизнис центар совршено се вклопува со целите на „Бизнис Лидер“.
Нашето партнерство со проектот „Бизнис Лидер“ е од големо значење бидејќи делиме исти вредности – поддршка на позитивната деловна клима, соработка меѓу водечките компании и поттикнување на идни инвестиции. На овој начин, „Гранд Скопје“ станува дел од платформа што не само што ќе ја промовира нашата визија за урбан и деловен развој, туку и ни отвора нови можности за поврзување со други компании и бизниси.
Веруваме дека проектот ќе ни овозможи директен контакт со иноватори, инвеститори и претприемачи кои имаат потенцијал за заеднички иницијативи и за соработка, што на крајот ќе придонесе за поголем економскиот развој.