ЕОС Матрикс – Финансиски инвеститор кој ја носи меѓународната експертиза на домашниот пазар
ЕОЅ во Македонија е единствена компанија во земјата специјализирана во областа на управување со побарувања која работи според европските директиви и начела. Компанијата е дел од Групацијата ЕОЅ која е етаблиран водечки финансиски инвеститор со повеќе од 50 години искуство зад себе ширум Европа и делува на домашниот пазар повеќе од 20 години.
Преку својата дејност, ЕОЅ во Македонија купува, анализира, обработува и управува со портфолија на побарувања преку што придонесува кон намалување на бројот на нефукнционални кредити (или подобро познати под кратенката NPL), што е од суштинско значење за стабилна економија.
Благодарение на стручната експертиза за управување со различни видови на портфолија на обезбедени и необезбедени побарувања EOS им обезбедува ликвидност на своите клиенти, на банките и компаниите, а со тоа се ослободува нивниот капитал за нови инвестиции за да може повторно да продолжи економскиот циклус.
Со стекнатото искуство како дел од меѓународна групација ЕОЅ ги носи европските трендови и иноватнивните модели на управување на локалниот пазар. Тоа овозможува постојано иновирање и создавање на приспособени, фер и долгорочно одржливи решенија за секој поединечен случај, како за клиентите така и за нивните потрошувачи.
Иако уникатната експертиза на ЕОЅ Матрикс во управување со побарувањата е централниот фокус на компанијата, во секојдневното делување се заснова на принципот на постојано подобрување во сите аспекти – унапредување на односите со партнерите и соработниците, вработените, финансиската заедница и општеството во целина.
Во изминатите неколку години, ЕОЅ активно ги препознава можностите за развој на секундарниот финансиски пазар и како експерт во таа област ги носи европските модели на домашниор пазар споделувајќи ги своите анализи и знаење со финансискиот свет во земјата. Истовремено компанијата се залага за одговорно управување и почитување на највисоките европски стандарди со цел усогласување со европските пазари и зајакнување на домашната и регионалната економија.
Преку членството во бројни асоцијации, сојузи и комори ЕОЅ Матрикс Македонија своето знаење го пренесува на бизнис заедницата во земјата и учествува во иницијативите со својата експертиза за подобрување на условите на пазарот и бизнис околината.
За иницијативите на ЕОЅ кои придонесуваат кон корпоративната и општествена одговорност и унапредување на бизнис заедницата споделува д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ во Македонија и ЕОЅ во Косово: „Кога зборуваме за унапредувањето на домашниот финансиски пазар, ја истакнуваме иницијативата со име “Finance Talks” која ја создадовме во 2022 година и која досега брои 4 успешни настани – панел дискусии на конкретни теми кои го засегаат финансискиот свет во земјата каде истакнати професионалци ги споделија своите мислења, експертиза и предлог решенија за растечките предизвици со кои сме соочени. Се трудиме да влијаеме позитивно на домашниот пазар преку нашето усогласување со врвните европски стандарди особено во делот на дигитализација и заштита на податоците.
Во 2022 година се стекнавме со сертификат ИСО 27701 кој само ја потврди нашата определба за заштита на информациите поставена уште од 2016 година со воведување на сертификатот ИСО 27001. Особено задоволство е да се биде четврта компанија во земјата која се здоби со овој сертификат и единствена во финансискиот сектор којашто ги имплементира овие стандарди во секојдневното работење. Но, нашата одговорност оди уште подалеку директно допирајќи до општеството со нашата иницијатива „For a debt free world“ со која на годишно ниво се определуваат посебни мерки за разрешување на случаите на оние потрошувачи кои се од ранлива категорија.
Преку оваа иницијатива, ранливите категории на поединци добиваат посебно внимание за разрешување на нивната финансиска ситуација и нивните заостанати побарувања се бришат со цел да се понуди помош на веќе предивикувачката животна ситуација во која се наоѓаат овие лица. Секојдневно се трудиме да дојдеме до решенија кои ќе поттикнат промени кон подобро, а благодарение на нашата меѓународна експертиза и нашите активности во рамки на бизнис заедницата во земјата успешно спроведуваме и ја нудиме нашата поддршка за проектите и иницијативите кои имаат потенцијал да влијаат позитивно на економскиот развој во земјата. “ Повеќе од 20 години преку своите иницијативи и проекти ЕОЅ во Македонија се залага за промени кон подобро, тоа го потврдуваат и бројните успеси на ЕОЅ во локалната заедница и на меѓунардоно ниво. ЕОЅ континуирано нуди поддршка на проектите кои имаат потенцијал да направат промена и затоа ЕОЅ е златен спонзор на Бизнис Лидер.