fbpx

11.09.2024

Бимилк – лидер во млечната индустрија во земјата кој секојдневно обезбедува врвен квалитет за потрошувачите

Статусот „Бизнис лидер“ на Бимилк можеби започнува од фактот дека е прва и најстара млекарница во земјава, со воспоставување на традиција на правење млеко и млечни производи повеќе од седум децении, но секако се зацврстува со целокупните деловни активности што млекарата ги спроведува на дневна основа и тоа што Бимилк го претставува денеска.

Неспорно, Бимилк денеска има најголема покриеност на пазарот, широко портфолио производи и е главен снабдувач на пазарот со млеко и млечни производи, задоволувајќи ги потребите на повеќе од милион задоволни потрошувачи. Секојдневно го снабдува пазарот со асортиман од повеќе од 100 производи од млечната индустрија, а овие бројки се поттикнати од тоа што Бимилк е синоним за квалитет и многу значаен стопански фактор во земјава. Во тој контекст, компанијата спроведува развојната стратегија насочена кон фармерите млекопроизводители, потрошувачите и кон унапредување на процесите во однос на квалитет и квантитет. Од ова произлегува важноста на Бимилк за млечната индустрија на нашата земја.

Позицијата предводник на пазарот, Бимилк многу успешно ја надградува со воведување новини со кои влијае врз пазарот и млечната индустрија во целост, но задржувањето на повеќедецениската лидерска позиција најмногу е резултат на постојаните инвестиции во сите сегменти од работата, посебно со унапредувањето на технолошките процеси и развојот на нови производи.

Бимилк прва започна со спроведување на сеопфатна програма за помош и поддршка на фармерите млекари, со што континуирано придонесува за одржливоста на овој сектор. Со оваа помош се создаваат услови за економско зајакнување на фармерите и нивен натамошен развој, а се состои во едукација, во споделување на корисни практики, набавка на сточна храна, финансиски заеми, инсталирање современа опрема што ја користат за подобрување на квалитетот на млекото, за зголемување на продуктивноста, а и најважно со набавка и донација на јуници со цел стабилизирање на млекопроизводството во земјата.

Во основата на овој статус и темелната оправданост на називот „лидер“ е поставувањето стандарди што Бимилк ги инкорпорира во секој сегмент од работата. Зборуваме за стандарди во начинот на работа, стандарди во квалитетот, стандарди во достапноста на производите, безбедноста, производството, општествено-одговорните практики.

Како компанија со долга традиција,  Бимилк е целосно посветена на иновативните производи, а според стратегијата на компанијата, ова е поттикнато и започнува одпотребите на потрошувачите. Раководени од овие потреби и тенденции, Бимилк квалитетот го преточува и во традиционалните производи, но подеднакво пазарот го збогатува со нови производни категории, како функционални производи, протеински производи, растителни напитоци од овес и бадем, нови категории млечни производи, овошни јогурти и уште многу други. Големиот распон на производното портфолио го потврдува фактот дека Бимилк  располага со знаење, технологија и стандарди и ги поседува сите потребни квалификации без тешкотии да одговори на сите предизвици и барања за создавање нови, иновативни производи што се одговор на современите консумерски трендови и поставени токму од потрошувачите.

Насочувајќи ја својата работа кон потрошувачите и пазарот, Бимилк ги следи современите текови и пред другите воведува промени и прифаќа трендови чија примарна функција е создавање производ со врвен, квалитет, беспрекорен вкус и соодветно потребите на пазарот. Развојот на квалитетни и безбедни производи, во Бимилк е иницирано од потрошувачите, но е проследено со постојано надградување на стандардите и критериумите кои се референтни на европско и светско ниво. Стандардизација Бимилк ја започна уште од 2010 година кога се стекна со престижниот сертификат ISO 22000 – Систем за управување со безбедност на храна. Потоа следеа сертификатите ISO 9001- Систем за управување со квалитет, ISO 14001- Систем за управување со животна средина и ISO 45001- Систем за управување со безбедност и здравје при работа.

Не помалку значајни во градењето на лидерската позиција на Бимилк се и општествено одговорните практиките, што компанијата ги спроведува на редовна основа и како дел од широка стратешка определба. Во исполнување на својата одговорност кон заедницата, Бимилк го применува пристапот на еднаква и рамномерна застапеност во секој аспект на општественото живеење, делувајќи локално и национално, поддржувајќи активности во образование, екологија, култура, социјална избаласираност. Преку сите овие активности, каде не ретко учеството е и со своите вработени,  Бимилк ја подигнува свесноста на широката заедница за одредени општествени прашања и создава вредности кои потоа се пренесуваат низ секој аспект на општественото живеење, на повеќе генерации. За што поголем ефект од овој бран на промени поттикнат од одговорниот и општествено свесен ангажман на Битолска млекара, компанијата ја создаде платформата „Растеме заедно“ преку која продолжува да иницира различни проекти, таргетирани активности и кампањи, насочени кон континуирано помагање и создавање услови за посветла иднина. Платформата „Растеме заедно“ е отелотворување на целата посветеност, улога и значење што Бимилк ги има во заедницата и општеството.

Улогата и приматот на лидер, Битолска ги има и од аспект на имплементирање на политики за енергетската ефикасност. Компанијата спроведе сеопфатна енергетска трансформација со целосна адаптација на енергетските постројки за користење на природен гас како гориво, со фотоволтаична централа за создавање обновлива енергија, како и со имплементација на стандардот ISO50001 наменет за менаџирање со енергија кој е во процес на имплементација. Со овие последни активности, компанијата е прва од индустријата што ја  покрена целосната енергетска трансформација.

Како најголем производител на млеко и млечни производи, најголем поддржувач на фармерите, активен чинител во општествените процеси и поттикнувач на домашната економија, Бимилк го заслужува и поседува статусот на лидер. Оваа позиција се рефлектира не само преку нивниот придонес во заедницата и општеството, туку и со својата посветеност во обединувањето и поттикнувањето на сите засегнати страни – од фармери, до вработени, соработници и крајни потрошувачи, придонесувајќи за развојот и благосостојбата на сите.

Како лидер во млечната индустрија, Битолска млекара посветено работи и придонесува за развојот на бизнис заедницата преку поддршка на проекти кои имаат потенцијал да придонесат за унапредување на економскиот развој на Македонија и затоа оваа година е сребрен партнер на проектот „Бизнис лидер“.