fbpx

25.09.2024

БАТЕРИ ЕВОЛУШН – Вашиот партнер на патот кон целосна енергетска независност!

Постојаната еволуција и развој на најновите технологии во индустријата со батерии во комбинација со сериозно долгогодишно искуство и млад амбициозен тим мотивиран да ги следи и нуди светските трендови и иновации е одличен рецепт за успех. Од мала семејна компанија, Батери Еволушн деценија подоцна е лидер на пазарот на батерии и акумулатори во Македонија, како и сериозен извозник и дистрибутер на надворешните пазари во Југоисточна Европа.

Како застапник на најголемите производители на батерии во светот, Батери еволушн е синоним на компанија која работи посветено на постојано надградување на понудата и следење на најновите решенија за стартување на сите возила, одржување на резервната енергија, придвижување на електричните возила во индустријата и чекор пред другите во понуда на најновиот тренд во светот, хибридни системи и батерии за складирање на енергија од обновливи извори.

Успехот на Батери Еволушн се должи, пред сѐ, на односот кон своите клиенти и стекнатата доверба, а потоа и на бројните иновации коишто ги претстави на пазарот, како што се: AGM и EFB технологијата за модерните хибридни возила, VRLA технологијата кај системите за складирање енергија од обновливи извори, AGM Auxilary батериите кај модерните електрични возила, литиумските батерии кај системите за складирање енергија од обновливи извори, првата онлајн мрежа за продажба на акумулатори – akumulatori.mk и бројни други иновации.

Од компанија специјализирана за продажба на акумулатори за транспортната индустрија, Батери Еволушн постави нови стандарди на пазарот, откако пред неколку години својата експертиза ја насочи кон развој на секторот за индустриски батерии наменети за системите за непрекинато напојување, фотоволтаичните системи, дата центрите, електричните вилушкари, трафостаниците и разводните постројки и сите останати сегменти од енергетиката.

Во изминатите 2 години, по претставувањето на најновата и најпопуларна технологија кај системите за складирање енергија – литиумските батерии, Батери Еволушн оформи нов сектор специјализиран за нудење на целосни решенија за изведба на системи за складирање енергија од обновливи извори и хибридни фотоволтаични системи.

Батери еволушн, како лидер на пазарот на батерии и акумулатори, секогаш поддржува иницијативи и проекти кои имаат потенцијал да придонесат за унапредување на развојот на бизнис заедницата во Македонија. Проектот „Бизнис лидер” е една од оние идеи и иницијативи коишто недостасуваа во Македонија и претставува одлична шанса за промоција и вмрежување на најдобрите компании во државата.