АГЕНДА
🕓 16:00 – 17:00
Прием на гости
🎤 17:00 – 17:10
Поздравно обраќање на водителот
📊 17:10 – 17:20
Макроекономска анализа
👥 17:20 – 17:50 | ПАНЕЛ 1
Лидерство во време на промени
Како се гради компанија што расте?
👤 17:55 – 18:25 | ПАНЕЛ 2
Името зад бизнисот
Колку вреди репутацијата на еден лидер?
🤖 18:30 – 19:00 | ПАНЕЛ 3
Бизнисот во 2030
Податоци, AI и компании без слепи точки
🥂 19:00 – 20:00
Нетворкинг и коктел
🏆 20:00 – 22:30
Церемонија на доделување на наградите Бизнис Лидер
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
Бизнис Лидер 2026 прераснува во најзначајниот business leadership настан во Македонија, обединувајќи конференциски дел со ексклузивни економски анализи, панел дискусии и свечена церемонија на доделување на најпрестижните бизнис признанија во државата.
Во партнерство со Халкбанк АД Скопје, генерален партнер на проектот, настанот ги обединува лидерите на најуспешните компании, институции и носителите на деловни одлуки, создавајќи платформа за вмрежување, идеи и нови партнерства.
Во рамки на Бизнис Лидер 2026 ќе бидат доделени признанија за ултимативен победник во Македонија според бонитетна успешност, бонитетно успешни компании по индустрии и градови, најбрзорастечки компании, жени лидери и многу други категории.
Наградите се базираат на објективни анализи и строго дефинирани критериуми, преку детална анализа на приходите, профитабилноста, растот, бројот на вработени и бонитетната стабилност на компаниите.
Анализите и рангирањата ги изработува Бизнис Мрежа, платформа за деловна интелигенција на бонитетната агенција Таргет Груп.